Андријана со сè Бардовци

ОД РУБРИКАТА „СРАМ“

Обично, кога ќе се спомене Бардовци, веднаш првата помисла буди лоша асоцијација. Се разбира, освен ако не сте прошетале низ селото кое ја произведува најдобрата зелка во Македонија  или уште подобро низ елитната новоизградена скопска населба!

А токму таму во своето опкружување семејниот мир го нашле многу познати и признати македонски јавни фаци… Од Влатко Стефановски до Андријана Јаневска, кои изградиле свој дом, а споменатата поп пејачка заедно со својот сопруг и семејното студио Гиновски.

 

 

Но, овој пат познатаа македонска пејачка, виолинистка и музички педагог не уживаше во студиската работа, туку во убавините на есента во нејзиниот двор. А, Андријана има двор како од бајките.

 

 

Можеби не е кој знае колку голем и простран, но затоа е уреден, среден, чист, накитен со цвеќиња, дрвца и растенија кои опкружувањето го прават како место од приказните.

 

 

Есента пак, како едно од најколоритните годишни времиња, како сликар на платно, ги испомешала своите бои, па сончевите денови, ги претопуваат зеленилото на тревата и зимзелените дрвца, со жолто-златните нијанси на свенатите и паднати лисја и останатите живи бои на се’ уште свежите цвеќиња во дворот на македонската музичка уметница.

 

 

И самата инспирирана од боите на есента во нејзиниот прекрасен двор, но и од моќта на прекрасната поезија на големиот македонски писател и поет Блаже Конески, Андријана ги споила двете убавини, па постирала неколку фотографии, зачинети токму со стиховите на една од песните на големиот поет:

 

 

„Почини, немирна душо, 
не блуди в приквечер бледна, 
во есенска. 
Листот е попаднат вeќe, 
и ако шум се слуша, 
шум е од тага една, 
од есенска“ – пишува Андријана покрај една од своите есенски фотографии на својот Инстаграм профил.

 

 

Убаво, силно и моќно, како и боите на есента во нејзиниот двор, како стиховите на големиот македонски поет, како и самата таа.

 

 

И додека ја оставаме „есента во неа да царува“, се наметнува заклучокот дека и таа за некого знае да биде  најубавото годишно доба!

 

 

A, Барадовци? За кого – како… За Андријана Јаневска и нејзиното семејство е рајот!


 

Текстот е преземен без интервенција од порталот „Вистина“ со оригинален наслов: „За неа Бардовци е рајот: Андријана Јаневска ужива во боите на есента во нејзиниот двор!“


ОСТАНАТО