Бидете ин за да не бидете аут

Оваа сезона дајте им предност на боите и подигнете ја негата на едно повисоко ниво. Научете нови техники и поиграјте си со досега неистражени нијанси.

Заборавете на бронзерот

Тргнете го бронзерот на страна и истакнете ги образите со руменило кое ќе ви даде здрав изглед на лицето и ќе ве подмлади истовремено. Нанесете го на врвовите од јагодиците, а доколку сте смели, може и да го контурирате лицето со истото како и да го нанесете на врвот на очните капаци за да се постигне изедначен румен тон на целото лице.

Пигментација под контрола

Како што веќе поголемиот дел од нас завршивме со летните одмори и поминувањето на слободното време покрај базените или на некоја плажа, редно време е да преминеме на некоја посериозна стратегија кога е негата на кожата во прашање. Кожата е уморена и исцрпена од летните сончеви зраци и има потреба од загубената хидратација и дополнителна нега. Исто така, тука е несаканата пигментација предизвикана од истиот фактор, која треба да се доведе во ред. Потребен ви е појак серум и редовен пилинг.

Мат усни

Матираните усни се повторно во тренд. За кратко, се вратија сјаевите и “glossy” изгледот на усните, но матот е повторно актуелен оваа есен. Сите нијанси на црвени, темноцрвени и розеви тонови се пожелни. Покрај мат карминот, моливот за усни не ви е потребен.

Повторно мека и свилена коса!

Како што на лицето е потребна нега и грижа, посебно после неколку денови поминати под штетните UV зраци…така е и со косата. Веројатно сте соочени со посуви врвови од порано, кои се склони кон мрсење и кинење. После секое миење, вашиот регенератор заменете го со силна маска и многу бргу ќе се врати сјајот и косата ќе зацврсне. Добро би било да посетите и фризер, кој би ви ги скратил оштетените и суви врвови, а истовремено би ви дал нов интересен облик и фризура.

Останато