Да се сетиме на Милан од ЕКВ

Cinedays Festival of European Film

Датум: 16.11.2018

Време: 23:00

По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ (1958, Загреб), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се  одвива мултимедијална програма со насловот „Сеќавање на Милан и ЕКВ“, а всушнсот се разботи за проек на бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ.

Вистинското изненадување е тоа што по повеќе од две децении на бина во Скопје ќе се качи легендарниот Жика, оригинален тапанар во ЕКВ и ќе отсвири дел од програмата на овој проект бенд.

Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума – „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана… доминираа на топ листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење.

 

 

„Деца из воде“ е ЕКВ проект-бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ. Сите членови на бендот се искусни и врвни музичари вклучени во разни други бендови, а во овој проект ги спои заедничката пасија кон ЕКВ. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест студиски албуми на ЕКВ, како и нивното деби како Катарина II и двата најголеми хита од периодот на Милан во Шарло Акробата.

Пред концертот во Даниснг Сала МКЦ ќе се прикаже филмот „Дечак из Воде“, кој е краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ, а преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел.

Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (ШарлоАкробата, Дисциплина Кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани.

ОСТАНАТО