Кој го краде мртвиот Гадафи?

Од белгијските банки исчезнале дел од парите на убиениот либијски лидер Муамер ел Гадафи, објави телевизијата РТБФ, а пренесе Спутник.

Одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации од 2011 година беше средствата на Гадафи да се замрзнат, а само во тој момент во трите најголеми белгијски банки се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра. Но, одлуката на Советот не се однесувала на каматата за тие пари.

За осум години оваа сума се зголемила за три до пет милијарди евра и токму тие пари сега исчезнале. Како што се претпоставува, парите најверојатно завршиле во рацете на групите кои војуваат во Либија и за кои се води истрага.

За исчезнување на 10 милијарди евра од замрзнатата сметка од најголемата либијска банка било пишувано и во минатото. Во 2013 година, на пример, на сметката се наоѓале 16 милијарди евра, а во 2017 година имало само 6 милијарди евра.

Останато