Кравата Пенка која сакаше да биде Србинка

ОД РУБРИКАТА „СРАМ“

Ова е приказна која може да се случи само на Балканот, а го подигна светот на нозе. Се започнало кога кравата Пенка од Бугарија ја поминала границата и завршила во Србија пред неколку дена. Илегално и без пасош. Но, не треба да ѝ се замери, Пенка се исплашила од волци.

„Побегна од селото Копиловици, исплашена од волците“, изјавил нејзиниот сопственик Иван Харалампиев.

Потоа, две недели подоцна, Иван добил телефонски повик од Србија и му јавиле дека неговата крава е во село блиску до границата. Се било океј, кравата била вратена дома каде што ја прегледал ветеринар.

Но, потоа бугарските власти го известиле Харалампиев дека кравата мора да биде успиена поради строгите прописи на ЕУ, бидејќи ја поминала границата без пасош и документација.

И покрај потврдата на српските граничари дека се е во ред, и дека Пенка без проблем може да се врати во Бугарија, властите на оваа земја сепак решија дека мора да постапат спрема правилата на Европската Унија.

Односно дека сите животни мора да имаат уредна документација доколку излегуваат од границите на Еу, во спротивно ќе бидат успиени. Сепак јасно е дека Пенка е Бугарка и дека само сака да се врати во својата куќа.

Набрзо приказната се прошири, па за случајот на Пенка веќе две недели пишуваат сите светски медиуми.

Петицијата за спасување на Пенка ја потпишаа илјадници луѓе, а дури и познати личности се вклучија во акцијата за спасување.

Пенка беше однесена на преглед кај ветеринари од бугарската Генција за безбедност на храната, каде што се утврди дека кравата е трудна, а тестовите покажаа дека е сосема здрава.

Харалампиев и неговата миленичка Пенка конечно може да здивнат бидејќи кравата си се враќа дома, а голготата заврши.

Текстот е преземен без интервенција од порталот „Реприза“ со оригинален наслов: „Среќен крај за кравата Пенка која од Бугарија илегално побегна во Србија и го крена светот на нозе“


 

Останато