Лила Гризелда

ОД РУБРИКАТА „СРАМ“

Откако се пофали дека 47 роденден доби скапи црни салонки, кој се со потписот на модниот дизајнер Ив Сент Лорен, водителката Лила М. Стојановска реши и да се пофали како скапите чевли и прилегаат на нејзината нога. Некои велат на поклонет коњ заби не се гледаат…

Ама сепак, некои работи не можат да не се забележат…

На фотографијата која Лила ја сподели на Инстаграм се гледа како нејзиното стопало е натиснато во малиот тесен чевел кој веројатно е во величина која не и одговара.

Такви се и коментарите на нејзините следбеници… никој не остана имун на натиснатите прсти кои чиниш ќе пукнат во секој момент.


Текстот е преземен без интервенција од порталот „Република“, со оригинален наслов: „Лила како Гризелда – прстите ќе ѝ пукнат во тесниот чевел (фото)“