Мижи Асан да ти цртам нокти

Да започнеме од почеток – обликот на нокти, како и лакот на ноктите се визит карта на секоја жена. И покрај фактот дека трендовите за нокти се многу конзервативни и не се менуваат често, како модни трендови, постои разлика помеѓу летниот и есенскиот маникир.

Во текот на летото бираме светли и пастелни нијанси, додека за есенските денови најчесто бираме темни нијанси на лакови.

Кои нијанси лак за нокти би ги одбрале оваа есен?

Црвена и бургунди

Класична и безвременска, племенита и богата нијанса на црвена – најдобар додаток на стајлингот кој може да биде кашмирски џемпер, убави панталони и мантил.

Виолетова

Темно виолетовиот лак ја претставува класиката, но и бара смелост. Основно правило за таков маникир – мора да биде совршен! Оваа нијанса не толерира несмасно нанесување.

Окер, ѓумбир, златна

Овде пак, се е едноставно – директна поврзаност со временскиот период. Истовремено, прекрасната нијанса може да биде надополнета со сјајни светки, што би придонело за поинтезивен ефект.

Лаванда

Посветлата нијанса од лавандата се смета за летна, а оваа варијанта е погодна за топлите есенски стајлинзи.

Црна

Да, радикална е и точно е дека не одговара на сите. Црниот лак е предизвик во извесна смисла. Но, тука е и другата страна – универзална опција за било кој стајлинг.