На мапите им се кратки нозете

Светот не е баш онаков каков што ни се чини. Големината на мапата која секојдневно ја користиме е заснована на Меркаторовата проекција од пред 450 години. Дури и „Гугл Мапс“, до пред неколку месеци, ги користеше варијантите од оваа проекција.

Нил Кај, експерт за климатски податоци во Метеоролошката канцеларија во Велика Британија, направил визуелизација на мапата која се менува помеѓу Меркаторовата проекција и вистинската големина на државите во однос на другите земји. Меркаторовата проекција ја изобличува вистинската големина на многу земји, особено на оние кои се далеку од екваторот.

По оваа мапа, териториите на Русија, Канада, Гренланд, Европа, делови од Азија и САД, значително се менуваат. Меркаторовата проекција го прикажува Гренланд како поголем од Африка, додека, пак, во реалноста Африка е поголема од Гренланд дури 14 пати.

Меркаторовата проекција за првпат ја претставил фламанскиот картограф Гералд Меркатор во 1569 година и таа била многу корисна затоа што овозможува навигација под права линија и го одржува правилниот облик на државите. Но, кога ќе ја пренесете оваа мапа во тродимензионален или дводимензионален облик, како што е глобусот, на пример, нешто мора да попушти. Во овој случај, тоа е изобличување на величините на оддалеченоста на земјите кои се во близина на половите.

ОСТАНАТО