Насмевни се, ќе ми снема лента

сте виделе стари, црно-бели фотографии на кои се сликани луѓе без никаков израз на лицето, воедно загледани некаде во далечината. Сте се запрашале зошто е тоа така? Многумина сметаат дека одговорот е во технологијата, но сепак постои нешто повеќе од тоа.

Поранешните фотографи морале да бараат од луѓето да останат мирни подолго време, па има смисла тоа што многу од нив избрале неутрални изрази на лицето наместо насмевки. Обидете се да го замрзнете лицето со насмевка, па за некое време со сигурност ќе посакате да се намрштите.

Меѓутоа, дури и кога технологијата се подобрила и кога фотографијата можела да се направи за помалку од една минута, луѓето и натаму одбивале да се смеат. Зошто? Веројатно затоа што во тоа време фотографијата била многу скапа и била третирана како слика. Фотографиите се чувале со години, обично долго по смртта на човекот од фотографијата. Стварно, вообичаена пракса во тоа време била и посмртно фотографирање, со цел да се сочуваат спомени од саканата личност.

Сепак, насмевката на фотографиите се појавила дури во 20тите и 30тите години од минатиот век.

Сега веќе имаме и „дак-фејс“ и „фото афтер секс“ и тн.

ОСТАНАТО