Проклетството на Гранд

ОД РУБРИКАТА „СРАМ“

Победниците на познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд како да ги бие некое проклетство, пишуваат српските медиуми.

Покрај Дарко Лазиќ, кој во шоуто победи во 2009 година, тешки сообраќајни несреќи
доживеале и Амар Гиле, Стеван Петрушиќ, кои исто така триумфирале во ова шоу, но и многу други нивни популарни колеги.

За среќа сите преживеале, но траумите кои ги доживеале ќе останат засекогаш.

Победникот на седмата сезона од Ѕвездите на Гранд, Амар Гиле преживеал тешка сообраќајна несреќа во 2016 година. Атомобилот со кој се возел пејачот излетал од патот, а тој бил единствениот преживеан во возилото. Во оваа несреќа загинал кумот на пејачот и уште двајца сопатници. Гиле физички се опоравил но сеуште се справува со психичката траума.

Победникот од 2010 година, Стефан Петрушиќ настрадал во 2013 година откако со возилото во кои биле две негови колешки се удрил во столб.
По несреќата, пејачот и до денес тврди дека не знае како преживеал.

Пејачите на Гранд, Николина Ковач и нејзиниот сопруг Саша Копар, заедно со тогаш
тригодишното дете, во 2015 година со автомобилот излетале од патот и паднале во река. Рибари кои биле во близина им помогнале и ги спасиле.

Текстот е преземен без интервенција од порталот Хитпортал

ОСТАНАТО ПО ВАШ ВКУС