Стогодишното проклетство на Југославија

За скоро еден месец ќе се одбележат 100 години од еден од најважните датуми во историјата на народите од јужнословенските, односно западнобалканските простори. Станува збор за стогодишнината од основањето на заедничката држава на Србите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Босанците и Македонците.

На овој датум, први декември 1918 година, била создадена Југославија, земјата на надежта и на големите очекувања, која како и секое друго семејство на повеќе нации и народи, создала одредени бенефити, но со себе повлекла и низа неправди и неостварени желби. Интересно е тоа што ваквото чувство е доминантно кај сите тие народи кои ја створиле оваа заедница, а кои сега сакаат својата земја да ја претстават како жртва на оние „другите“. Но, можно ли е сите во исто време да бидат и жртви и крвници?

Слободно можеме да кажеме дека Југославија ја исполни својата мислија, па сега секој нејзин народ ја бара и ја гради среќата сам. Југославија си го одигра своето и одеднаш исчезна од политичката сцена. Сепак, многумина во Хрватска, Србија и во Словенија сметаат дека токму поради Југославија,  20-от век бил промашен век. Како што вели и српскиот министер за надворешни равоти, Иван Дачиќ – „Дваесетиот век е изгубен за Србија и за српскиот народ“, а и некои кругови во Хрватска, на пример, поради Југославија, за истиот период тврдат дека бил залуден за Хрватите.

Исто така, денеска и во Словенија си велат: „Ех, многу работи изгубивме со обединувањето“. Но, колку овие критичари навистина се чесни кон себе и кон другите? Тие ја гледаат само грдата и крвавата страна на Југославија, распадот и војната, а целосно го занемаруваат тогашниот политички и социјален контекст, односно меѓународната и внатрешната констелација на силите.

Целиот текст прочитајте го тука.

ОСТАНАТО