Свадба со двајца непознати

ОД РУБРИКАТА „СРАМ“

Извор: Црнобело.мк

Снимката од нивната венчавка привлече огромно внимание во поранешните југословенски држави. Иако е објавена пред месец дена, дури сега се најде во фокусот на јавноста, па само неделава е прегледана над 300 илјади пати.

 

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-1.png

 

Сите се прашуваа кои се фамозните ликови што преку ноќ станаа хит на интернет. Според пишувањата на српските медиуми „Блиц“ и „Телеграф“, станува збор за брачната двојка – Срѓан и Тамара Мрваљевиќ.

Младоженецот е светски вицешампион во џудо со потекло од Црна Гора. Освен спортските успеси, тој е познат и по контроверзните политички изјави, како и блиските врски со луѓето од криминалното милје.

 

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-2.png

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-3.jpeg

 

Јавноста многу повеќе ја интригира идентитетот на невестата, за која не се знае речиси ништо. Мистериозната старлета нема профили под свое име и презиме на социјалните мрежи, ниту пак ја има во листата со пријатели на нејзиниот сопруг на Фејсбук.

Евидентно е дека избраничката на џудистот е љубителка на естетски корекции, лажен тен, тетоважи, вештачки нокти, злато, светки и впечатлив накит, што може да се забележи и на снимката од венчавката.

 

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-4.png

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-5.jpg

 

Врската ја крунисале во јули, а три месеци подоцна, тие се вистинска сензација. Песната и спотот што младенците ги добиле на подарок, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде може да се прочитаат разни коментари од корисниците.

Дел од регионалните медиуми ја прогласија целата свадба за „најкичеста“ на Балканот.

 

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-6.jpg

silikoni-zlato-i-cirkoni-dali-e-ova-najkichestata-svadba-na-balkanot-foto-video-7.jpg

 

Се согласувате ли со таквата констатација? Погледнете го видеото од почеток до крај, пред да донесете конечен суд:

Текстот е преземен без интервенција од порталот „Црнобело“ со оригинален наслов: „Кои се Срѓан и Тамара – младенците чија свадба е хит во целиот регион (фото+видео)“

Останато