Автопортрет на уметникот во староста

Меѓу избледените работи на фрижидерот во нашиот студентски стан во Стенфорд се наоѓа и картата за концерт на Леонард Коен од 20 декември 2012 година, одржан во центарот Барклис во Бруклин. Не знам како ги преживеала нашите селидби (и онаа во друга држава со две мали деца) и не знам како и кога дошла на фрижидерот, но кога и да ја видам, се сеќавам на таа незаборавна вечер – 4 часа со 1000 восхитени луѓе маѓепсани од стариот, болен човек, кој во себеси гледал (и во кого другите гледаа) пророк на нашето време.

Во дневничкиот запис од 2002 година, во новообјавената постхумна збирка Пламен: Белешки Текстови Цртежи / The Flame: Poems Notebooks Lyrics Drawing , Коен вели: „Давам збор/задача од Бога/ќе ја исполнам дур не е доцна/иако не ми е баш сè јасно”.

Иако самопрогласените пророци често се егоманијаци, кај Коен наидуваме на поинаков пророчки став, кој се одликува со смерност и желба да се исполни добиената задача, да се изврши мисијата иако во неа „не е баш сè јасно”.

Тој започнал како поет и објавил 4 книги поезија и роман пред да ја започне својата музичка кариера во 60-те години од минатиот век, а во последните месеци од животот (починал во ноември 2016) го завршил ракописот за кој знаел дека ќе му биде последен.

Иако квалитетот на песните во оваа книга не е изедначен, се забележува дека Коен е луциден до самиот крај: oваа проштална порака на поетот-пророк е полна со примери за неговата непресушна смисла за хумор. Еве два записа: „Мислам, значи постојам/на рамна нога со Мери/ имала мало јагнеи „Филмот не е нешто/но пуканките се ненадминливи”.