Ердоган како заштитник на новинарите

Турскиот претседател е многу повеќе познат по немилосрдната политичка репресија и десетината новинари во затвор отколку по борбата за слобода во медимите. Сепак, тој неодамна упати најгласна осуда за шокантното убиство на саудискиот дисидент, новинарот Џемал Кашоги.

Страотните детали околу овој случај се вистински подарок за теоритичарите на завери. Зошто Кашоги отишол во Конзулатот кога знаел за суровоста на саудиските власти? Дали некој му ја гарантирал безбедноста, па потоа го предал на властите? Како тоа турските медиуми одеднаш се претворија во извор на глобални медијски мрежи?