И унгарските новини го дупчат Грујо

Колку се среќни Унгарците што Груевски им е на гости покажа тамошниот портал ХВГ кој објави  карикатура на која се нацртани македонскиот експремиер и унгарскиот премиер Орбан.

-Како премиер крадев, злоупотребував и лажев. Сега ме гонат во мојата земја. Ќе ме земеш ли кај тебе? – прашува Груевски.

-Ние сме расположени секогаш да му покажеме добредојде на некој што ја дели нашата култура – му одговара Орбан.