Клаваат шеќер во цигарите!

Мал број на пушачи знаат дека во цигарите се додава и шеќер, покажуваат едни нови американски истражувања.

Истовремено, малку од нив се свесни дека со додавање на шеќер во тутунот му се зголемува количеството на токсин и дим во цигарата, пишуваат авторите на истражувањето во списанието „Nicotine and Tobacco Research”.

Цигарите содржат природни и додатни шеќери кои ја намалуваат горчината на цигарите поради што нејзиниот дим полесно се инхалира. Но истовремено ја зголемуваат количината на штетни хемикалии во тутунскиот дим како зависнички потенцијал на пушење, вели докторот Ендрју Сеиденберг.

Бројните учесници во истражувањата ни кажаа дека сакаат да знаат повеќе за шеќерот во цигарите. Еве прилика”, рекол за Ројтерс Хелт Сеиденберг. Тој и неговите колеги следеле 4350 возрасни пушачи во склопот на е-цигарите.

На крајот од експериментот учесниците морале да одговорат на две прашања за додатните шеќери во цигарите: „Се додава ли шеќер во цигарите?“ и „Дали пред почетокот на истражувањето некогаш сте чуле за ваква последица од додавањето на шеќер?“

Резултатите од студиите покажале дека 5,5% од учесниците во анкетата знаеле дека во цигарите се додава шеќер, а само 3,8% знаеле дека со додавање на шеќерот се зголемуваат токсините во тутунскиот дим.

Сеиденберг одлучил со колегите да почне да работи на пораки за постоењето на шеќерот во цигарите.

Во кампањата организирана во Австралија, Сеиденберг и колегите предупредуваат на тоа со песната: „Sugar, Sugar”, додека на екранот пишува: „Со додавањето на шеќер и мед се прикрива горкиот вкус на тутунот, но штетноста на пушењето и цигарите не може да се намали!

Треба да се потсетиме на тоа дека никотинот содржен во цигарите создава зависност бидејќи стимулира допамин во мозокот на пушачот, а истовремено дава и привремено чувство на опуштеност и смиреност. Поради привременото чувство на смиреност, пушачите набрзо палат нова цигара. Но некои од адитивите во цигарите стимулираат никотински рецептори, поради што бројните повремени пушачи стануваат страствени пушачи.