Кога изреката „ќе ме умрете вие мене“ добива смисла

Од рубриката „СРАМ“

Дени Гонзалес, кој работи во САД, повеќе не сакал да им праќа пари на своите родители во Хондурас, па преземал драстични мерки.

Овој 27-годишник ја лажирал сопствената смрт! Семејството добило фотографии од „мртвиот” Гонзалес. Како причина за смртта биле наведени рак и астма.

Меѓутоа, неговиот план набрзо пропаднал. Кога локалните медиуми ја објавиле веста заз неговата смрт, пријателите и семејството станале сомничави. Исто така, на фотографиите на кои требало да изгледа како да е мртов, било очигледно дека се смее. Се гледало дека не е во мртовечница, туку во својот кревет.

Измамата била откриена, а Гонзалес гостувал и на американски ТВ канал.

„Сопругата ми се јавува секоја недела, само да ми каже да и пратам повеќе пари и нови мобилни телефони. Доби веќе шест телефони и цело време бара нови, бидејќи старите наводно и ги крадат”, рекол Гонзалес.
Гонзалес не очекувал дека со својот перформанс ќе ги шокира родителите.

Соседите велат дека родителите биле скршени кога дознале за наводната смрт на синот, а потоа биле разочарани од неговото однесување.

Многумина го осудиле за ваквиот однос.

„Требало да си искрен кон нив и да им кажеш дека повеќе не сакаш да им помагаш, а не да лажеш. Бог нека се смилува на твојата душа”, рекол еден интернет корисник.

Текстот е преземен без интервенција од порталот „Реприза“, со оригинален наслов: „Ја лажирал сопствената смрт од неверојатна причина: Објавил дури и бизарни фотографии, па жестоко се покајал“.