Ленон се грижел и за тебе и за мене

Британскиот музичар и член на легендарните „Битлси“, Пол Макартни, вели дека и по 50-годишната кариера сè уште чувствува потреба за да се докажува.

„Дури и кога го постигнвуате врвот на популарноста, сè уште постојат некои работи кои ве загрижуваат“, вели Макартни во интервју за Си-Би-Ес.

Меѓутоа, тој не е единствениот член на „Битлси“ кој имал такви грижи, бидејќи како што вели, и Џон Ленон би загрижен што ќе остави во свое наследство.

„Се сеќавам кога еднаш Џон рече – се грижам за тоа како ќе ме паметат луѓето. А јас му одговорив – Џон, слушај ме. Ќе бидеш запамтен како еден од најголемите ликови во историјата“.