Ме палиш за десетка!

Додека ние во Македонија правиме анкети за тоа која политичка партија ќе победи на следните парламентарни избори, за тоа дали македонскиот народ е за влез на земјата во ЕУ и во НАТО, за тоа дали прифаќа промена на државното име, и ред други работи… Србите направија сосема поинакво истражување кое се однесува токму на студентите од женски пол.

Всушност, резултатите покажале дека една третина од студентките во Србија биле во ситуација од вработените на факултетите да слушаат сексуални шеги, но и да бидат мета на манијачки погледи.

Истражувањето покажало дека 80 отсто од студентките оваа појава ја доживуваат како сексуално вознемирување, додека, пак, секоја втора студентка смета дека заштитата од сексуалното вознемирување од страна на професорите не е доволна.

„Ние се придржуваме до барањата на студентките и ги повикуваме сите универзитети и факултети во Србија да воведат интерни акти, па преку превенција и адекватна заштита ќе биде намален проблемот со сексуалното вознемирување“, стои во соопштението на Автономниот женски центар.