Мојот африкански живот

Од книгата на Ричард Капушчински, „Ебановина – мојот африкански живот”, во превод на Љубица Рошиќ, издание Самиздат, В92, 2018.

Во Бамако живеев во засолништето Centre d’Accueil , кое го држат шпанските калуѓерки. За малку пари таму може да се изнајми соба со кревет и мрежа за комарци. Оваа мрежа е најважна, без неа комарците секого смртно би го искасале. Кога мислат на Африка, луѓето со ужаснување размислуваат на такви опасности, каква што е средбата со лавот, со слонот или змијата, додека вистинските непријатели овде се едвај видливи или сосема невидливи. 

Негативната страна на Centre d’Accueil е тоа што за 10 соби постои само еден туш. Освен тоа, постојано го зазема еден млад Норвежанец, кој допатувал овде не знаејќи дека во Бамако е толку неподносливо жешко. Во стварност, внатрешноста на Африка, постојано е зареана до експлодирање. Тоа е висија вечно изложена на сонце, кое овде како да лебди над самата земја – доволно е да се направи невнимателно движење и да се излезе од сенка, па да се изгори на лице место.

 На луѓето кои доаѓаат од Европа овде влијае и психолошкиот фактор – знаејќи дека се на дното од пеколот, далеку од морето, од земјите со поблага клима и тоа чувство на оддалеченост, затвореност, затемнетост, ја прави нивната судбина уште понеподнослива. Во секој случај, овој Норвежанец, скоро загушен и сварен, после неколку дена престој одлучил да остави се и да се врати дома, но морал да го чека авионот. Сметал дека тој момент ќе го доживее само доколку не излегува од под тушот.

Навистина, за време на сушното доба, овде преовладува неподнослива жештина. Улицата во која престојувам уште од сабајле е мртва. Покрај ѕидовите, во пролазите, покрај вратите седат неподвижни луѓе. Седат во сенките на еукалиптусот и мимозите, под големото разгрането манго.

Седат на долгата клупа пред бифето Маваро и на празните сандаци пред дуќанчињата на аголот. Иако на неколку наврати долго ги набљудував, не би можел да кажам што прават дур седат така долго.

Затоа што, во суштина, ништо не прават. Дури не ни разговараат. Потсеќаат на луѓе кои со саати чекаат лекар во чекална. Но, тоа е лоша споредба. Бидејќи, лекарот на крај ќе дојде. Меѓутоа, овде никој не доаѓа. Не доаѓа, не заминува. Воздухот трепери, се бранува, немирно се движи, како над лонец во кој врие вода.

Еден ден кај шпанските сестри допатувал нивен земјак од Валенсија. Имал туристичко биро во Валенсија и патувал по Западна Африка собирајќи материјал за туристички проспекти. Хорхе бил ведар, весел, енергичен човек. Бил роден за водич. Секаде се чувствувал добро, со сите му било добро. Кај нас поминал само еден ден. Не обрнувал внимание на силното сонце кое печело, големата жега му давала сила. 

Отворил торба полна со апарати за сликање, објективи, филтери, ролни филм. Потоа почнал да оди по улицата, да разговара со луѓето кои седеле, да се шегува со нив, нешто да им ветува. Потоа на „троножецго ставил својот Canon. Извадил силна фудбалска свирка и почнал да свири. Гледав низ прозор и не им верував на сопствените очи.