На денешен ден се упокои српскиот патријарх Павле

На денешен ден, во 2009 година, се упокои српскиот патријарх Павле. Цели 19 години тој беше поглавар на Српската православна црква (СПЦ), односно од 1990 до 2009 година.

За патријарх беше избран на 1 декември 1990 година. Следниот ден, на 2 декември, беше устоличен во Соборната црква во Белград. Церемонијата ја извршија 12 епископи, 12 свештеници и 13 ѓакони.

Во негова чест, издвојуваме неколку интересни анегдоти кои вечно ќе се прераскажуваат меѓу православните.

– Еден новинар, којшто живее блиску до зградата на Патријаршијата во Белград, во палтенцето на својот син, често наоѓаше бонбони. Знаејќи дека не му ги купил, го прашуваше од каде му се. Малечкиот му одговори: „Ми ги даде мојот другар Пајо.“ На таткото, после некое време, тоа му стана чудно, бидејќи не можеше да се сети на ниту еден другар на синот со име Пајо, па го праша: „Кој ти е тој другар?“ Детето, како од топ, одговори: „Па, нашиот Патријарх. Кога и да поминува покрај паркот кадешто си играме, тој купува бонбони и ни ги дели. А, ние го сакаме бидејќи ни е другар, па го викаме Пајо.“

vo gradot

– Еден белградски боем истрчал од кафаната „?“, штом го видел Патријархот Павле како влегува во соборната црква. Преплетувајќи со јазикот, му рекол: „Ваша Светост, ние двајцата сме најдобрите луѓе на светот“, а Патријархот на тоа му одговорил: „Да, да, сме, но кога ќе се напиеме, за ништо не нѐ бива.“

vo avtobus

– Одејќи во црквата на Баново брдо, среде лето, Патријархот Павле беше упорен да користи градски автобус. Кога неговиот придружник почна да го потегнува аргументот дека е многу топло, дека автобусите се преполни со разголен женски свет кој оди на плажа на Ада Циганлија, та не е пријатно да се оди со автобус, Патријархот не попушти, велејќи: „Знаете, секој го гледа тоа што сака.“

– Излегувајќи од зградата на Патријаршијата во Белград, Патријархот го прашал својот придружник: „Чии се овие паркирани луксузни автомобили?“ Овој му одговорил: „На нашите Владици. Со нив се дојдени на Собор“. „О, Бог ги видел! Што ли би возеле да не го дадеа заветот на скромност?!“ духовито прокоментирал Патријархот Павле.

– Еден искушеник му поставил прашање на Патријархот Павле: „За да бидам добар монах, Ваша Светост, треба ли да се одречам од светот?“ Патријархот го погледнал со благ поглед и му рекол: „Само ти биди добар монах, па светот сигурно ќе се одрече од тебе.“ Младиот искушеник му ја целивал раката.

celiv

– Среде најавената епидемија на нов грип од кој во напредниот свет масовно се умира, така што и властите набавиле милион вакцини, наговарајќи го народот да ги прима – се упокои Патријархот Павле. Само што препорачаа изолирање, избегнување на собири и гужви, ги затворија и училиштата, рекоа да се носат дури и заштитни маски, целиот народ навали во соборниот храм да се прекрсти и да го целива крстот во раката на својот Патријарх. Во храмот: служби без престан, четири дена и четири ноќи. Народот е во непрегледна редица. Маски не носи никој. Еден човек од редицата вели: „Патријархот го спасува народот со вакцината против заборавот и себичноста… Исчезнува стравот од смртта.“