Неуспехот на Меркел

Британскиот политичар Инох Пауел од неодамна изјави дека „сите политички животи, освен ако не се прерано прекинати по некоја среќна околност, завршуваат со неуспех“.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прв поглед можеби изгледа како исклучок токму на ова прашање. Актуелната состојба тешко дека е среќна околност за неа, но сепак, нејзината најава дека ќе се повлече од местото претседател на Демохристијанската унија, јавоста ја оцени како достоинствена и елегантна.

Тали таа, како што најавуваше, ќе успее да опстои на канцеларската позиција до 2021 година повеќе не зависи од неа. Ако Социјалдемократската партија во меѓувреме одлучи да ја напушти владината коалиција и доколку повика на предвремени избори, Меркел нема повторно да се кандидира.

Но сепак, таа и понатаму ќе перципира како личност која апсолутно ги контролира работите, исто како што ги контролираше во претходните години.