Ни мачките не си ги познаваме

Мачките се чудесни, крзнени, мали нинџи со кои што го делиме животниот простор веќе подолг временски период. Сепак, за нив сè уште постојат низа дезинформации, а ова се само некои од нив.

Мачките сакаат млеко

Мачките, како и сите други цицачи, пијат млеко додека се мали, но откако ќе се одвикнат од мајчиното млеко престануваат да ги произведуваат сите ензими кои им се потребни за варење на млекото.

Постои уште еден проблем со млекото, а тоа е содржината на масти и калории. Кога ќе дадете на мачка количина на млеко еднаква со нејзиниот волумен на главата, тоа е како вие да јадете канче полномасен сладолед. Тоа значи дека мачките може да се поправат од млекото, но сепак и самите го сакаат вкусот на оваа бела течност.

Бркови за рамнотежа

Современото верување вели дека брковите се поврзани со рамнотежата на мачките. Меѓутоа, тоа не се нивните бркови, бидејќи тие им служат за навигација и за сензорна перцепција.

Брковите на мачките се од ист материјал како роговите на другите животни, од кератин.

На местото каде што брковите се поврзани со мачешкото лице постојат голем број на нерви со чија помош чувствуваат промени во воздухот кои се случуваат додека се приближуваат кон ѕид или некои други препреки.

А точно е тоа дека брковите им се долги колку што им е телото широко. Губитокот на брковите може да ги направи дезиорентирани, збунети и уплашени.

Мачките секогаш паѓаат на нозе

Мачките не можат секогаш да паднат на нозе. Тие тоа го прават, бидејќи имаат способност да ја превиткаат својата кичма, на начин што би го убил човекот.

Иако тоа е рефлекс, сè уште е потребно време. Ако мачката падне од некоја висина, нема да има време да се сврти во целост и тогаш ќе падне на страна. Дури и ако застанат на нозе, не секогаш завршуваат неповредени. Ако паднат од огромна висина и нозете не можат да о апсорбираат ударот, тоа може да доведе до скршени коски, внатрешни трауми, па дури и оштетување на мозокот.

Тие се по природа осамени

Мачките апсолутно можат да преживеат сами, но кога се собираат во групи, често создаваат тесен круг кој се врти околу една основна група на женки. Не само дека дивите мачки се се собираат во колонии, туку и делат одговорност. Учествуваат заедно во растењето на мачињата, дури имаат и свои најдобри пријатели. Мачките во колониите обично се спаруваат заедно, се дружат, поминуваат многу време заедно, и се поздравуваат со носовите.

Мачките јадат зеленчук

Доста хранливи состојки кои им се потребни на мачките да преживеат ги има во месото. Исто така им е потребен голем број на протеини, повеќе отколку на останатите животни. Недостатокот на овие хранливи состојки и протеини може да доведе до проблеми со кожата, губење на слухот, па дури и проблеми со срцето. Вегетаријанската исхрана содржи големо количество на јаглени хидрати, а мачките таа содржина не можат да ја сварат. Мачките кои се присилени на вегетаријанска исхрана се склони на бегство од дома, во потрага по храна.