Почувствувајте го Амстердам во Скопје

Бенд: Mauskovic Dance Band

Место: МКЦ - Cinedays Film Festival 2018

Влез: Слободен

Датум: 13.11.2018, 23:00

По спектакуларната најава за „Cinedays Festival of European Film“, МКЦ ни приредува уште еден спектакл најавата за гостување на бендот за кој никогаш не сте слушнале дека постои. Но, тука е магијата на добрата забава, зарем не?

Станува збор за бенд од Холандија (онаму, кај лалињата) со име „Mauskovic Dance Band“, а дечките за првпат гостуваат во Скопје, ни повеќе-ни помалку, токму на денот на ослободувањето на градот, 13 ноември.

Бендот е проект на амстердамскиот продуцент и музичар Никола Маушковиќ. Во период на преполн распоред со свирење на тапани заразни бендови, Никола сепак најде време да започне студиски експерименти коишто на крајот ќе доведат до неколку синглови издадени за швајцарската „Bongo Joe Records“ во 2017 година.

Бидејќи секој член на бендот има различно потекло, групата црпи инспирација од разни жанрови: главно африканско-колумбиски стилови како чампета, паленке, кумбија и пико културата, како и од афро-диското и no-wave сцените во нивната моментална база Амстердам.

Градското жариште од андерграунд продуценти му има дадено и електро жичка на бендот, со vintage драм машини и синтисајзери кои лесно се мешаат со афро-латино ритмите и вештите гитарски рифови за да создадат современ звук збогатен со културолошки влијанија.

Целта на Mauskovic Dance Band е една, а тоа е да ги натераат луѓето на нивните концерти да танцуваат.

Останато