Руски блеф за грев

Долго време, нашиот основен национален производ е блефот. И тоа е разбирливо. Поради тоа што немаме баш никакви ресурси со кои би ги потхранувале големите држави од кои сме зависни, не ни останува ништо друго освен покерот. И правиме сè за да направиме ситуација демек во рацете држиме многу посилни карти од оние што навистина ги имаме.

Сите блефираат. Владата блефира кога рускиот министер за економски развој, Максим Орешкин, се обидува да ги убеди граѓаните дека Русија денес остварува многу голем економски раст. Оттука станува нејасно зошто Русите од ден во ден сè полошо живеат.