Што подолга брада, толку повисок данок

Археолозите во Русија неодамна налетале на монета од 1699 година, која е издадена во знак на согласност со данокот на брада, а кој година дена пред тоа го вовел царот Петар Велики.

Данокот на брада го плаќале мажите кои сакале да ги задржат своите бради – во спротивно полицијата веднаш би ги избричила. Откако ќе го плателе данокот луѓето добивале монета, односно потврда дека данокот е платен. Монетата обично била од бакар, а мажите кои плаќале повеќе пари добивале сребрени жетони. Парата, на која на едната страна се наоѓал руски орел, а на другата лице со нос, уста, бркови и брада, бил еден од 5000 пари пронајдени во остатоците од згради од 17 век во градот Псков, на западот од Русија. Археолозите дури неодамна ја идентификувале монетата и таа е една од најстарите пронајдени до сега, раскажува Елена Селмина од археолошкиот центар во регионот Псков.

Царот Петар Велики вовел данок по враќањето од западна Европа.

Брадите изгубиле улога во Европа во текот на 17 век, објаснува историчарот Кристофер Олдстун Мур, заедно со растот на апсолутната монархија – најдобар пример за тоа е Луј 15ти. Како за млад цар, бричењето на неговите сонародници станало составен дел од неговите напори Русија да се приближи кон Британија и Франција.

Меѓутоа, Олдстоун Мур сугерира дека царот Петар не ги имитирал само другите европски дворови.

На Петар му беше потребно луѓето да му докажат дека му се лојални нему, а не на црквата”, вели Мур.

Вистина, еден од резултатите од расколот помеѓу православната и католичката црква била и брадата – бричењето станало канонски закон за католичките свештеници, додека нивните православни колеги гледале повеќе побожност во пуштањето на брадата. Терајќи ги мажите да се бричат, Петар сакал да го отстрани влијанието на црквата и да посади свое.

Веројатно успеал во тоа, бидејќи големиот број на Руси одлучиле да ги задржат своите пари, а не брадите, а самиот данок на брадата е укинат веќе во 1772 година.