Стриптизот на Меланија

Раперот Tи-Ај го навреди Канје Вест и првата американска дама Меланија Трамп во видеоспотот во која жена налик неа изведува стриптиз во Овалната соба во Белата куќа.

„Како може ова да биде прифатливо”, напиша на Твитер, Стефани Гришам, портпаролката на Меланија Трамп, и повика на бојкот на спотот.

Раперот во спотот се појавува во улога на обезбедување и набљудува како Доналд Трамп ја напушта Белата куќа со хеликоптер, а потоа се наоѓа со жена налик Меланија Трамп во Овалната соба. Жената е облечена само во јакна каква што носеше првата дама во јуни, со натпис „I really don’t care, do u?”