Сува ми е веќе пресушена, пуста кожа се исуши

Исхраната е исклучително важна за квалитетот на кожата, а особено на сувата. Ако нема доволно есенцијални масни киселини во организмот доаѓа до нејзино сушење. Сувата кожа може да настане и поради недостаток на витаминот А.

Штом почнат свежите утра и постудените денови, луѓето со сува кожа имаат бројни проблеми, бидејќи сувоста е уште повеќе изразена. Освен студот, на изразена појава на сувоста делува и централното греење, честото капење со употреба на лоши сапуни, но и одредени болести, како што се дерматитис, екцем, псоријаза, дијабетес…

Исхраната е особено важна за квалитетот на кожата, а пред сè на сувата. Да би се оваа непријатна состојба избегнала, потребно е секој ден да се додава маслиново масло во салатите, јаткасти плодови и семки. Ако сето тоа поради дневните обврски изгледа комплицирано, треба да се набави ленено и рибино масло богати со омега 3 масни киселини и секој ден да се зема по една лажица.

Сувоста исто така може да се јави и поради недостиг на витамин А, поради што секој ден би требало да конзумираме барем по еден свеж морков. Дека овој витамин го немаме доволно, се гледа по дланките, кои на врвовите, кога ќе ги рашириме прстите се со белосива наместо жолтеникава боја.

Витаминот Е исто така е многу битен, а најмногу го има во семките од тиквата, бадемите, маслинките, спанаќот и блитвата. Витаминот Ц е исто така важен бидејќи помага во создавањето на колаген кој ја прави поцврста кожата.

Цинкот е битен за организмот, а го има во морските плодови, месо, јајца, јаткастите плодови и семките.

Во студените денови кожата кај многу од нас е изиритирана, црвена и пропратена со чешање. Тоа е најчесто поради тешката храна и занемарувањето на овошјето и зеленчукот, богати со антиоксиданси. Затоа, доколку не постои можност на козумирање свежо овошје и зеленчук, добро е да се земаат капсули омега 3 масни киселини, три пати на ден, кои се против воспалителни процеси.

Во текот на студените денови потребно е да пиеме вода, пожелно е да внесуваме 2 литри дневно, нагласуваат експертите.