Венеција ја снема, вода ни ја зема

Еден од најубавите градови на светот, сместен во лагуната на северот од Јадранското море и изграден на 117 помали острови, преполн е со романтични канали. Посебен е токму поради тие водени улици без кои е незамислив, а баш таква би можела да стане и иднината на Венеција – незамислива.

Венеција тоне со брзина од еден или два милиметри годишно, а ако продолжи со тоа темпо наредните 20 години, би потонала околу 8 сантиметри. На потопувањето на градот ќе влијае и поместувањето на тектонските плочи. Во текот на 20 век, Венеција потонала околу 120 милиметри.

Лошото време кое ја погодило Италија и довело до опасни појави т.н високи води, па водата во некои моменти се подигнала и до 156 сантиметри и го довела градот до нефункционалност на дрвените мостови. Ова е шести пат да во новата историја на градот високата вода да надмине 150 сантиметри, а рекордот е срушен во 1966 година со 194 сантиметри. 

Венеција настанала во мочуришната лагуна, која уште во 15 и 16 век ја одржувале Млеците, во нормални граници. Комбинацијата на испумпување на подземните води и постепеното подигнување на нивото на морето, довело до потопување.