Време е за чизми, но какви?

Иако претходните денови не изгледаа така, календарот веќе одамна ни „сугерирадека е дојдено времето за чизми.

Некој веќе ги носи, но поради разновидноста на моделите скоро и да е тешко да се издвои некој заеднички епитет за сите нив. Сепак, нешто може да се заклучи…

Најпрво, која било должина да ја изберете оваа сезона, нема да згрешите. Се носат кратки чизми, кои едвај се над зглобовите, но и изразено долги чизми, кои ги покриваат колената, а некои се и до средината на бутовите.

Во тренд се и остри и заоблени врвови, во зависност од моделот. На каубојките, всушност кои се погламурозни од стандардните (бидејќи се, нели, од змиска кожа), секако дека се очекува да бидат шпицести. Сепак, предност имаат позаоблени врвови.

После подолго време, кога станува збор за бојата, на модната сцена се враќа белата, да бидеме попрецизни, нијансата на бело кафе. Доколку се определите за нив, имајте на ум дека светлите чизми можат да бидат „чист промашаји да делуваат евтино доколку не се стилизирате од глава до пети.

Истовремено, со кафеавите чизми, скоро и да не може да погрешите, како и со сивите и црните. Личностите кои сакаат екстравагантни модели, на располагање ги имаат бордо, темновиолетовите, двобојни, повеќебојни или пак чизмичките со светки, кои за некое чудо, оваа есен не се наменети само за свечени прилики.