Животните во Првата светска војна

Животните во Првата светска војна биле курири, шпиуни и стражари, предводеле коњички јуриши, носеле залихи на фронтот и секако – умирале.

Коњи, мазги, кучиња, гулаби, па дури и еден бабун, биле витални животни, но за жал, со децении занемарувани и воопшто не биле спомнувани како дел од воената машинерија.

Научниците сега се нашле под голем притисок и биле принудени да пронајдат официјални извештаи за придонесот на животните-херои во Првата светска војна. Франција од неодамна одлучи да ја признае нивната улога во војната, а Велика Британија во 2004 година во лондонскиот Хајд Парк постави голем споменик за придонесот од животните.

Во воените операции, според проценките, вклучени биле околу 10 милиони коњи и мазги, над 100.000 кучиња и 200.000 гулаби, наведува францускиот историчар Ерик Барате.