Зошто парижанки се поубави од скопјанки?

Се чини дека Французинките секогаш изгледаат беспрекорно, па веројатно помислуваме дека трошат многу време и грижа за изгледот. Но, всушност, повеќе се работи за тоа што тие не применуваат, а не во тоа што прават за да изгледаат беспрекорно.

Трагови од кармин на забите

– Французинките обожаваат да носат кармини во црвени нијанси, но никогаш нема да им се случи карминот да им заврши на забите.

Погрешна нијанса на течна пудра

– Французинките успешно избегнуваат носење на погрешна нијанса на пудра, грешки кои се приметуваат на видливата линија во пределот на вилицата, која ги истакнува разликите помеѓу боите на лицето и на вратот. Тоа им успева бидејќи наместо густи и тешки пудри бираат лесни и прозрачни пудри кои им даваат природен изглед и подобро се вклопуваат во тенот на кожата, а лицето го прават свежо.

Претерано чупање на веѓите

– Природниот изглед е правилото на кое строго се придржуваат Французинките, кога станува збор за веѓите. Скоро е невозможно да видите Французинка со претерано тенки веѓи, а ги одржуваат уредни така што едноставно ги зачешлуваат така да влакненцата не би штрчеленеуредно.

Претерано контурирање

– Нагласувањето на деловите и цртите на лицето кое беше апсолутен хит, за французинките е едно големо НЕ. Како би му дале на лицето природен сјај, наместо нанесување на неколку слоеви хајлајтер, тие ставаат масло за лице на точките кои што сакаат да ги истакнат и така во прв план им е најубавиот дел од нивното лице.

Одење на спиење со шминка

– Не е необично да видиме Французинка без грам шминка на лицето и притоа да изгледа одлично, а нивната тајна е во тоа што водат премногу грижа за кожата. Грижата за кожата започнува со отстранување на шминката пред спиење, баш секоја вечер. На нив не им се случува да заспијат со шминка на своето лице.